Бесплатно пиво и пита за навивачите на Лестер на „Боксинг деј“

Во пресрет на последниот натпревар за Лестер во 2018 година, пред стадионот „Кинг Пауер“ ќе има тричасовна забавна програма каде што навивачите на „лисиците“ ќе можат да уживаат во бесплатно пиво или вода, како и традиционалната божиќна пита. Лестер утре го пречекува актуелниот шампион Манчестер сити.

Три часа пред почетокот на мечот, пред стадионот ќе биде отворено „забавно село“, каде што фановите ќе можат да уживаат во бесплатната храна, како и забавни игри, боење на лицата, а, секако, сето тоа ќе биде проследено со музика.

По трагичната несреќа во која животот го загуби сопственикот Вишај Шриваданапраба и четворица кои беа во хеликоптерот, клубот одлучи да ја заврши оваа тешка година за нив со насмевки и прослава.

Дуелот Лестер – Манчестер сити е закажан за терминот од 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести