Чави Пасквал повика шпански џокер за Романците во обидот да се изненади Македонија

Шпанскиот селектор на Романија, Чави Пасквал на сите начини се обидува да ја мобилизира репрезентацијата во обидот да се анулира негативата од 8 гола против Македонија, денеска во Букурешт од 17 часот во реванш квалификацискиот меч за СП.

Пасквал извади дополнителен џокер за Романците, а интересно е дека се работи за шпанскиот ракометар, Хавиер Хумет, кој има романски пасош.

Хумет имаше семејна трагедија, му почина сопругата и не играше во Скопје пред два дена, кога Македонија ја победи Романија со 30:22 и со предност од 8 гола ќе го почне реваншот денеска во Букурешт од 17 часот.

Хумет е одличен ракометар, има 32 години и игра на позицијата десен бек. Настапува за Динамо Букурешт, а има играно и за Портланд Сан Антонио во Шпанија и потоа за француски Иври и за неколку романски екипи.

Победникот од двомечот меѓу Македонија и Романија ќе игра против Чешка за настап на ракометниот Мундијал, идната година во јануари во Полска и Шведска.

- Оглас -

Најнови вести