Не заборавајте, се игра „Ел Класико“ – Пред паузата со клупски фудбал, таман ќе дојде „ајфон12“ на Спортска прогноза

Учесниците на Спортска прогноза ги прават последните планови за 28. коло во обидот да се погодат сите 13 натпревари и да се освои прекрасниот „ајфон12“, а последен рок за приклучување е до 13.30 часот.

Тогаш почнува првиот натпревар од 28-та рунда меѓу Астон Вила и Арсенал, па се уште не е доцна да се одигра колото.

Уште поинтересно е дека потоа следи пауза за клуспкиот фудбал, поради баражите на репрезентациите за пласман на Мундијалот во Катар, па сега можеби е шанса да се нападне вредната награда, мобилниот телефон „ајфон12“ што го доделуваат Sport Life и Спорт Манија.

Почетокот на колото е со четири денешни натпревари, а утре има 9, меѓу кои и вечното шпанско дерби на „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Тој меч ќе се игра утре од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“ и е последен на менито од 13 натпревари во 28. коло на Спортска прогноза.

Кога се игра „Ел Класико“ веројатно и нема поголем предизвик во клупскиот фудбал да се погоди исходот на шпанското дерби, па затоа приклучете се со свои прогнози до 13.30 часот во 28. коло на Спортска прогноза.

 

 

- Оглас -

Најнови вести