8001 Минесота тимбервулфс – Милвоки бакс (НБА, 22:00 часот)
Како ретко кога, НБА програмата за вечерва и не е толку богата, но и тие средби што се, ќе бидат навистина одлични за гледање.
Прв е дуелот меѓу Минесота и Милвоки кои што едноставно не знаат да играат одбрана сезонава, а предводени од одличните Карл Ентони Таунс и Јанис Адетокумбо ќе видиме навистина голем број на поени.
На теренот вечерва нема да се појават Ентони Едвардс кај домашните и Пет Конингтон кај гостите, но и покрај тоа, како што кажавме главните играчи ќе бидат на теренот.
Предлог тип: >244.5 (1.96)
8369 Шарлот хорнетс – Далас маверикс (НБА, 00:00 часот)
Далас маверикс загубија минатава ноќ од Филаделфија со 111:101, а своето гостинско патешествије ќе го продолжат и кај Шарлот во меч кој се игра точно на полноќ.
Лука Дончиќ имаше просечен меч за своите стандарди против 76-ерс, а сега заедно со остатокот од тимот ќе се обидат да се извадат за тоа.
Далас и Шарлот по трет пат ќе ги одмерат силите, а тимот од Тексас во претходните два наврати ја префрлаше границата од 120 поени, не гледаме причина зошто сега не би постигнале 114 коша.
Предлог тип: >110.5 (1.84)
8370 Вашингтон визардс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 01:00 часот)
„Еџерџиите“ изминатава ноќ го изненадија Торонто на гостински терен, а сега ќе патуваат во главниот град по уште една победа.
Леброн Џејмс е неизвесен за оваа средба поради болки во десното колено, иако сè уште не е потврдено дали тој и дефинитивно е во аут за овој меч. Сепак, лејкерси и покрај големиот број на повреди (Кармело Ентони, Ентони Дејвис, Тален Хортон-Такер) може да се каже дека го имаат расположениот Расел Вестбрук.
Тој на последната средба имаше трипл дабл од 22 поени, 10 скока и исто толку асистенции. А од друга страна, Вашингтон кој е во серија од шест порази едноподруго ќе биде без најдобриот играч, Бредли Бил.
Предлог тип: 2 (2.25)
8407 Тампа Беј лајтнинг – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01:30 часот)
Ако во НБА нема вечерва голем број на мечеви, во најдобрата хокејарска лига ситуацијата е сосем различна.
Дури 11 средби, од кои веќе две се почнати, но во Sport Life можете да се обложувате во живо на нив, а нашиот фокус ќе биде кон актуелниот првак кој што ќе ги пречека „ренџерите“.
По серијата од три порази, Тампа сега има две победи по ред и се надева на трета среќа едноподруго а гостите од Њујорк играат топло-ладно сезонава на гости.
Домашниот терен, како и целосниот ростер кој што го има на располагање актуелниот шампион ќе бидат голема предност во походот кон остварување на нова победа.
Предлог тип: 1&5+ (2.61)
8408 Сиетл кракен – Детроит ред вингс (НХЛ, 03:00 часот)
И двете екипи немаат никакви шанси да одат во разигрувањето, па затоа се очакува голеада.
Интересно е тоа што во досегашната историја, овие две екипи имаат само еден меч одиграно во нивната историја и тоа во декември, 2021 година кој заврши со 4:3 во корист на Детроит.
Причина за таквото нешто е тоа што Сиетл е нов тим кој беше оформен пред почетокот на оваа сезона, па затоа и не треба да чуди последното место во Западната конференција.
Предлог тип: >5.5 (1.55)