ФИФА планира да направи невиден преседан за да помогне на Украина

Војната во Украина направи големи промени во светот на спортот. Русија е исфрлена од речиси сите меѓународни натпреварувања во сите спортови, па така дефинитивно ќе го пропушти Светското фудбалско првенство.

Украина во исто време е дел од баражот за Мундијалот во Катар и требаше да игра против Шкотска за следниот четврток. Сепак, поради воените дејствувања во земјата, Украинците не се подготвени да играат во баражот, па ФИФА реши овој меч да го пролонгира за во јуни. Вториот бараж во овој сегмент е меѓу Австрија и Велс и треба да се игра според планот, а интересно е дека од велпката федерација стигна неочекувана информација.

Постои опција Украина да добие директна покана за настап на Мундијалот во Катар, но тогаш Велс, Австрија и Шкотска ќе треба да се борат за место преку баражот, а на крајот на СП би имало 33 наместо планираните 32 селекции.

„Од велшка перспектива би било убаво тоа да се реализира. Ќе биде човечки да се даде покана за настап на Украина, доколку нема да можат да играат ниту во јуни. Но, тоа би значело дека Мундијалот ќе има 33 репрезентации, затоа што во нашата ждрепка ќе останеме да се бориме со Австрија и Шкотска. И нашата цел е да играме на СП“, рече Ноел Мани од фудбалската федерација на Велс.

Ќе биде навистина неверојатно доколку ФИФА реши да направи Мундијал со 33 наместо со 32 репрезентации, но ниедна опција веќе не треба да се исклучи.

- Оглас -

Најнови вести