Одлична вест: Адеми е подготвен да игра против Италија!

Уште само четири дена до историскиот меч на Македонија против Италија, во баражот за пласман на Светското првенство во Катар, а селекторот Благоја Милевски доби добра вест. Еден од клучните играчи во нашата репрезентација, Аријан Адеми е подготовен и ќе биде во комбинација за дуелот против Аѕурите.

Во изминативе неколку недели, Адеми се жалеше на повреди, но тренерот на Динамо Жељко Копиќ во пресрет на денешниот меч против Славен Белупо, откри дека Адеми е спремен за игра.

„Во текот на изминатата недела Адеми одлично ги одработи сите тренинзи и тој е подготвен“, најави Копиќ.

Се очекува капитенот на Динамо да биде на теренот на денешниот меч, а потоа да допатува во Скопје на миниподготовките пред историскиот дуел со четирикратниот светски првак.

- Оглас -

Најнови вести