Меси во шест категории е најдобар во топ 5 лигите

Лионел Меси за првпат во последните 10 години заврши дури на петтото место во изборот за наградата Златна топка. Лука Модриќ, Кристијано Роналдо, Антоан Гриезман и Килијан Мбапе беа пред Меси на оваа листа. Сепак, кога се работи за индивидуалните остварувања на сите играчи во 2018 година, Меси повторно е неверојатен.

Капитенот на Барселона е најдобар во топ 5 лигите дури во шест различни категории. Меси има најмногу постигнати голови, најмногу асистенции, најмногу голови постигнати од слободен удар, убедливо најмногу удари кон противничкиот гол, најмногу шутеви надвор од шеснаесетникот, како и најмногу создадени шанси на своите соиграчи.

Во 2018 година, поради најразлични причини, отсуствуваше само три недели. Во актуелната сезона во Примера, во 15 одиграни натпревари, Меси има дадено 15 погодоци, а има и 10 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести