Лоренцо Пелегрини е во најтесна комбинација да биде и стартер за Италија на бараж дуелот со Македонија на 24. март во Палермо, а на него и неговите прекини ќе треба особено да се внимава.
Вечерва Пелегрини покажа дека е велемајстор со еврогол од слободен удар во 40. минута, а се истакна и во 56. секунда кога го почести со гол Тами Абрахам.
Пелегрини погоди од огромна далечина од слободен удар, а голот може комтно да конкурира за наградата „Пушкаш„ за најубав гол на сезоната.
Евртоголот на Пелегрини можете да го погледнете ОВДЕ.
Претходно, во 56. секунда директно од корнер ја погоди пречката на голот на Лацио, а Абрахам немаше тепка задача да ја затресе мрежата на Стракоша.
Абрахам потоа постигна уште еден гол, беше прецизен и во 22. минута, а Рома води со 3:0 по првото полувреме на римското дерби против најголемиот ривал, Лацио.