Ќе има голеада во холандската Ерсте лига, еден меч вреди да се одигра и на точен резултат

1650 Ден Хаг – Телстар (Ерсте дивизије Холандија, 20:00 часот)

Првиот од денешните пет натпревари ни е од холандската втора лига, којашто е една од најомилените меѓу обложувачите за голови.

Па такво нешто се очекува и меѓу Ден Хаг и Телстар, коишто, барем според статистиката, ќе ја оправдаат оваа доверба.

Ден Хаг пред своите фанови игра во просек од 3,4 погодоци по меч, додека на натпреварите кога Телстар е гостин, изнесуваат по 2,7.

На последните две средби кога овие екипи играле на теренот на Ден Хаг, конечниот резултат на крајот бил 2:1, односно 3:0.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.79)

 

1721 Конкро – Шатору (Национал лига, Франција, 20:45 часот)

Во малиот број натпревари за денеска, од тие што се играат, тука е и оваа средба од француската трета лига.

Домаќинот котира високо, односно под позиција број два и со 47 бода сака да оди ранг погоре, но за тоа колку се екипите блиску, говори податокот дека Шатуру е седмопласиран со 41 бод.

Која било од екипите да обезбеди триумф, ќе биде навистина драгоцено, но истовремено и нема да преземаат голем ризик. Досега овие екипи еднаш играле на стадионот на Конкро, а резултатот на крајот бил 1:1.

Предлог тип: Х (3.05)

 

1830 Борусија Дортмунд II – Брауншвајг (Трета лига, Германија, 19:00 часот)

Вториот тим на Борусија Дортмунд е во серија од три едноподруго порази, додека Брауншвајг има само еден пораз на последните пет средби.

За домаќините се очекува и настап на неколку фудбалери од првиот тим коишто не се повикани во своите репрезентации со цел да се одржи нивната форма. Затоа не треба ни да чуди зошто коефициентите се толку израмнети и покрај разликата на табелата.

Вториот тим на Дортмунд е на 11-тото место со 41 бод, додека Браушвајг има десет бода повеќе и е под број пет.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.24)

 

1321 Тенерифе – Алмерија (Сегунда дивисион, Шпанија, 21:00 часот)

Ова е битка на едни од најголемите конкуренти за влез во Ла Лига. Тенерифе е четвртопласиран со 55 бода, додека Алмерија е на второто место само со четири бода повеќе.

Јасно е дека нè очекува рововска војна на теренот со мал број голови, а за тоа говори и податокот дека на средбите на Тенерифе пред своите навивачи паѓаат во просек по 2,2 погодоци, а кога Алмерија е гостин гледаме по 2,3 голови на натпреварите.

Предлог тип: 0-2 (1.67)

 

2895 Брага (Б) – Леирија (Трета лига, Португалија, 20:30 часот)

Најинтересниот меч за обложување го оставаме на крај. Оваа средба од третата португарска лига секако дека не е најквалитетна во светот на фудбалот, но привлекува внимание за обложувачите бидејќи тоа што ќе го одиграме е со квота од 6.25.

Вториот тим на Брага од последните пет средби, дури трипати играл 1:1, од кои тоа во два наврати се случило на домашен терен.

Леирија, пак, на гостувањата од последните петпати, исто така во два наврати одиграла со овој резултат.

За тие што сакаат да одиграат посигурно, тука е „чистиот“ нерешен резултат со квота од 3.25.

Предлог тип: Точен резултат 1:1 (6.25)

- Оглас -

Најнови вести