Борис Бекер се појави на првото судско рочиште во Лондон и се изјасни како невин за обвинението според кое при објавениот банкрот сокрил пари, сопственост на акции, тениски пехари и недвижнини.
Познатиот тенисер што го имаше прекарот „Бум-бум“ поради атрактивниот стил на игра прогласи личен банкрот пред пет години, а неговите долгови беа проценети на 50 милиони фунти.
„Верувам во правда и не сум виновен. Секогаш сум бил позитивна личност и не сум сакал никого да оштетам“, изјави Бекер.
Но, обвиненијата дека сокрил пари, недвижен имот и дека поседува акции најмалку во една фирма можат да го однесат во затвор, а максималната казна за вакво дело е 7 години во Велика Британија.
Судот во Минхен во 2002 година го осуди Бекер на двегодишна условна казна затвор и парично со 300 илјади евра.
Борис има 6 гренслем-титули и вкупно 49 пехари на АТП-турнирите, со што е еден од најдобрите во светот на тенисот.
До неодамна беше и во стручниот штаб на моментно најдоброрангираниот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.