Познатиот руски шахист Сергеј Карјакин е суспендиран од ФИДЕ и нема да игра најмалку шест месеци на шаховските турнири.
Причината е што јавно ја поддржува воената инвазија на Русија врз Украина, а според ФИДЕ, го прекршил кодексот за етика и е суспендиран.
Карјакин пред шест години како претставник на Русија играше и за светската титула, но беше поразен од Магнус Карлсен, кој и сега е актуелен светски шампион во шах.
Сергеј е роден на Крим, кој сега ѝ припаѓа на Русија, а беше дел од Украина и што е многу интересно, играше за двете земји што сега се во војна.
До 2009 година Карјакин на шаховските турнири ја претставуваше Украина како еден од најдобрите на светот, а потоа одлучи да игра за Русија.