Убавата полска манекенк, Каролина Бјелавска, која неодамна стана Мис на светот, откри дека е навивач на фудбалскиот клуб ЛКС Лоѓ, кој моментно се натпреварува во втората лига на Полска.
ЛКС е клуб од нејзиниот роден град Лоѓ, а тој клуб има и две шампионски титули во Полска, во 1958 и 1998 година. Нејзиниот татко во минатото бил претседател на ЛКС.
Тоа што најубавата жена на светот откри за кого навива, може да биде магнет за публиката и стадионот да биде полн на сите домашни мечеви.