Има ист учинок како Мбапе, игра во посилна лига, но никој не го ни спомнува

Римското дерби меѓу Рома и Лацио помина во сенка на Реал Мадрид – Барселона, а во сенка е и херојот на Римската волчица од тој меч. Тами Абрахам ја игра првата сезона во дресот на Рома и се покажува како одлично засилување.

Англискиот репрезентативец кој има само 24 години е вистинска замена за Един Џеко, а на дербито против Лацио постигна два гола во победата од 3:0. Сега Абрахам на своето конто има 15 погодоци во Серија А и е на третото место на листата на стрелци, веднаш зад неверојатните Чиро Имобиле и Душан Влаховиќ, кои имаат по шест гола повеќе.

Според учинокот на постигнати голови, Абрахам е на исто ниво со Килијан Мбапе, кој даде 15 гола за ПСЖ во француското првенство. Сепак, на страна на Мбапе се седум асистенции повеќе.

Абрахам доминира и во европските купови. Пред неколку дена го даде победничкиот гол за Рома во судиското надополнување за 1:1 против Витесе и пласман во следната фаза од Конференциската лига. Тоа му е седми погодок во Европа сезонава, додека Мбапе има еден помалку. Сепак, јасно е дека Мбапе играше во Лигата на шампионите, а Абрахам им дава голови на многу послаби тимови во Конференциската лига, но секој погодок е вреден.

Едноставно, Абрахам е во длабока сенка на една година помладиот Килијан Мбапе.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести