Легендарниот хрватски ракометар Игор Вори повторно се активира по три години пауза и ќе игра за познатиот германски тим Фуксе Берлин.
Во 41-вата година од животот, познатиот пивот одлучи пак да игра ракомет откако доби повик од уште една голема легенда, Штефан Кречмар.
Кречмар е спортски директор на Фуксе и не се двоумеше да го повика Вори да помогне, иако Хрватот се прости од ракометот пред 3 години.
„Ако стигне до вечер, веднаш ќе му се приклучи на тимот“, изјави Кречмар.
Фуксе има проблем со повреди, а надвор од редовите е првиот пивот Јохан Кох, кој не може да игра до крајот на сезоната, па една од алтернативите на таа позиција ќе биде Вори.
Вори е еден од најтрофејните ракометари на планетата и има медали од сите големи натпреварувања и златни одличја со Хрватска од Светско првенство и Олимпијада.
Моментно е селектор на Хрватската репрезентација до 21 година, а сега повторно ќе се активира и ќе игра ракомет во Бундеслигата.