Срамно однесување на ѕвездата: Нејмар доаѓа пијан на тренинзите и едвај стои

Екипата на Пари Сен Жермен се соочува со огромен притисок по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Тимот составен од суперѕвезди како Нејмар, Лео Меси и Килијан Мбапе, никако да ја освои титулата во најпрестижното натпреварување, а информациите коишто доаѓаат од Париз се шокантни за нивните навивачи.

Новинарот Даниел Риоло, којшто е добро упатен во тоа што се случува во ПСЖ, изјави:

„Нејмар доаѓа пијан на тренинзите, а кога е таму, едвај стои на нозете. Најголемата трагедија е тоа што од ПСЖ нема никаква реакција во вид на казна. Тоа за мене не е клуб“.

- Оглас -

Најнови вести