Анадолу Ефес покажа зошто е првак на Европа – Со голем пресврт го совлада Реал Мадрид

Анадолу Ефес со 93:90 славеше во големото евролигашко дерби од 31-вото коло против Реал Мадрид.

Турскиот претставник, кој е и актуелен освојувач на Евролигата, до триумфот дојде по голем пресврт во последната четвртина, која ја доби со 10 поени разлика (21:11), откако Реал имаше резултатска позитива во 30-те минути игра.

Најефикасен поединец на теренот беше Василије Мициќ со 29 уфрлени поени.

Барселона, пак, немаше проблеми на гостувањето кај Алба Берлин, каде што триумфираше со 79:95. Искусниот Никола Миротиќ со 18 поени беше најефикасен, но тренерот Шарунас Јасикевичиус им даде шанса на голем број кошаркари, па така Миротиќ на теренот мина само 20 минути.

ЕВРОЛИГА

Анадолу Ефес – Реал Мадрид 93:90

Алба Берлин – Барселона 79:95

Панатинаикос – Баерн Минхен 80:67

Макаби Тел Авив – Милано 75:58

- Оглас -

Најнови вести