„Дискобус“ е во нашата репрезентација – Со балкански хитови фудбалерите уживаат во возењето (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Палермо, каде што за помалку од 48 часа ќе го игра бараж-мечот за СП против Италија.

На твитер-профилот Team Macedonia беше објавено видео од „Дискобусот“ на нашата репрезентација, односно како тие се опуштаат при возењето со автобусот најверојатно до хотелот каде што се сместени.

Тие уживаат во возењето со познати балкански хитови, а како што кажа и селекторот Боби Милевски, се надеваме дека ќе уживаат и на теренот на „Ренцо Барбера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести