Македонија ќе ѝ даде најмалку еден гол на Италија

6051 Италија – Македонија (Бараж за СП во Катар, 20:45 часот)

И не треба да се прави некаква специјална најава бидејќи влогот е јасен. Победникот ќе се пласира во финалето на баражот за СП во Катар, додека губитникот се збогува со таквата можност.

За силата на Италија нема потреба да говориме и покрај тоа што ќе бидат без централните дефанзивци Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи, а на нивно место ќе бидат Џанлука Манчини и Алесандро Бастиони и тука ќе биде нашата единствена шанса.

Во Палермо ќе биде исклучително тешко, но веруваме во нашите момци.

Предлог тип: Т21+ (2.30)

 

6274 Португалија – Турција (Бараж за СП во Катар, 20:45 часот)

Победникот од овој меч ќе оди во финале против подобриот од Италија – Македонија. Јасно е дека претпоследниот европски првак на хартија е огромен фаворит, особено што се игра на португалско тло.

Кристијано Роналдо и другарите ќе бидат помоќни од Турција, којашто на последното Европско првенство потполно разочара. По киксот во групната фаза и поразот од Србија, којшто ги остави на второто место во групата, Португалците немаат право на грешка, особено не против Турција.

Предлог тип: 1&Т12+ (1.66)

 

6747 Унгарија – Србија (Пријателски меч, 19:30 часот)

Останатите европски селекции пак играат пријателски натпревари со цел да бидат во форма за претстојните активности во Лигата на нациите.

Србија ќе гостува кај својот сосед Унгарија на Националната арена во Будимпешта. Иако ќе бидат без одличиот Душан Влаховиќ, Србите имаат навистина одличен тим и за оваа средба. Тука се Душан Тадиќ, Александар Митровиќ, Лука Јовиќ и ред други квалитетни фудбалери со коишто ќе го победат домаќиниот.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

5722 Ирак – Обединети Арапски Емирати (Квалификации за СП Азија, 18:00 часот)

Во Азија, пак, се игра завршницата од групната фаза за тоа кого ќе го гледаме на СП во Катар. Таква шанса сè уште има селекцијата на Обединетите Арапски Емирати, кои ќе гостуваат кај Ирак.

ОАЕ е третопласиран во групата А и има девет бода, а таа позиција носи меч со третопласираниот од спротивната група. И Ирак има шанси со победа да се надева на пласман под број три бидејќи има пет бода, но тоа е тешко остварливо.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.62)

 

6750 Колумбија – Боливија (Квалификации за СП Јужна Америка, 00:30 часот)

Колумбија едноставно нема право на грешка и мора да ја победи Боливија. Една од најдобрите селекции од Јужна Америка е на добар пат да не настапи на претстојното СП бидејќи има само 17 бода и се наоѓа на седмото место во квалификациите за СП во Јужна Америка.

Од овој континент најдобрите четири селекции, од кои веќе Бразил и Аргентина се сигурни патници, одат дирекно на СП, додека петтопласираната селекција игра дополнителен меч против најдобриот национален тим од Океанија.

Во моментов Перу е петтопласиран со 21 бод, односно четири повеќе од Колумбија на два преостанати натпревари до крај.

Предлог тип: 1-1&2+ (1.60)

- Оглас -

Најнови вести