Македонија е светско чудо, никој никогаш во едни исти квалификации не ги победил Германија и Италија на гости

Македонската фудбалска репрезентација уште сонува за првото учество на Светско првенство, но тоа што го направи во овие квалификации за планетарниот собир може да е доволно и за трофејот.

Во квалификациската група, Македонија на гости во Дуисбург со 2:1 ја победи Германија. Панцерите за првпат по 20 години загубија дома во квалификации за СП, а дека тоа не беше случајно, се виде и синоќа.

Македонија гостуваше во Палермо кај Италија, и тоа  во многу поважен меч. Полуфинале од баражот за СП, по кој само победникот останува со шанси. На крајот, победник беше Македонија. Александар Трајковски даде гол во 92-рата минута, по кој Аѕурите паднаа на колено и првпат загубија во квалификации за СП на домашен терен.

Едноставно, Македонија успеа во еден квалификациски циклус да ги победи Германија и Италија, кои заедно имаат дури осум светски титули.

- Оглас -

Најнови вести