Египет и Сенегал повторно ќе одиграат драматичен меч

5716 Египет – Сенегал (20:30 ч)

Само пред еден месец овие две репрезентации играа во финалето на Африканскиот куп на нациите и по голема борба и 120 минути игра немаше голови, а на пенали победи Сенегал и стана континентален владетел.

Сега една од овие две репрезентации ќе мора да испадне и од Светското првенство затоа што сега играат бараж за место во Катар. Египет не смее да си дозволи луксуз да загуби дома.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.82)

 

6749 Романија – Грција (19:15 ч.)

Пријателски дуел на две селекции кои едноставно не играат многу атрактивно. Романија на седум од последните осум дуели игра со 0-2 гола, а ист е случајот и кај Грција во пет од нивните последни шест натпревари.

И последните три меѓусебни дуели завршиле со не повеќе од два гола, па ова едноставно е дуел на кој не треба да има многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.52)

 

6748 Норвешка – Словачка (18 ч.)

Норвежаните се разочараа откако не успеаја да обезбедат бараж за СП откако завршија трети во групата. Ист е случајот и со Словаците, кои беа трети во својата група, но тие реално немаа шанси за бараж.

На свој терен Норвешка е фаворит и со Ерлинг Халанд во тимот треба да очекуваат победа.

Предлог тип: 1&2-4 (2.40)

 

6053 Франција – Брегот на Слонова Коска (21:15 ч.)

Франција има пет победи во низа и сигурно ќе сакаат да продолжат со добри резултати. За Брегот на Слоновата Коска ова е прв меч по завршувањето на Африканскиот куп на нациите, каде што во осминафиналето на пенали загубија од Египет.

Ова ќе биде трет пријателски меч на Франција и Брегот на Слонова Коска, а африканската селекција во претходните два меча нема постигнато погодок.

Предлог тип: НГ (1.66)

 

1311 Сарагоса – Аморебиета (21 ч.)

Меѓу многуте репрезентативни мечеви, вечерва се игра и еден интересен дуел од втората шпанска лига. Сарагоса има четири победи во последните пет кола и напредува кон горниот дел од табелата.

Аморебиета во последните седум кола освои само три бода и затоа е во зоната за испаѓање.

Предлог тип: 1 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести