Лејкерси го декласираа шампионот, но им се повреди Леброн Џејмс

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс одиграа извонреден меч против шампионот Голден стејт вориорс, победија со убедливи 127:101 на гостински терен, но славењето им го подрасипа повредата на Леброн Џејмс.

Во текот на третата четвртина Џејмс се пожали на болка во препоните, излезе од игра и не се врати на паркетот.

https://twitter.com/dkurtenbach/status/1077757140108890113

И без негова помош соиграчите продолжија сигурно, па шампионот беше немоќен. Хрватот Ивица Зубац блескаше со 18 поени и 11 скокови, а имаше само една утка од 10 обиди од поле. Кајл Кузма постигна поен повеќе, Леброн Џејмс имаше 17 поени и 13 скока до повредата.

Кај Голден стејт вориорс, Андре Игудала забележа 23 поени, а Кевин Дурант два помалку.

Убедлива победа со разлика од 21 поен прокнижи и Јута џез, екипа која повторно се покажа како незгоден противник за Портланд. Џезерите славеа со 117:96 на домашен терен, откако пред 4 дена го победија Портланд со 120:90.

За разлика од овие два меча во Западната конференција, на Истокот беше драматично, а Бостон селтикс дури по продолженија од пет минути ја победија Филаделфија.

Домаќините предводени од извонредниот бек Кајри Ирвинг, кој постигна 40 поени со 10 скока, славеа со 121:114, откако во регуларниот дел беше нерешено, 108:108. Џејсон Тејтум и Маркус Морис постигнаа по 23 поени.

Кај Филаделфија се истакна Џоел Ембид со 34 поени и 16 скокови, Џими Батлер забележа 24 поени, а на Бен Симонс му фалеа само две асистенции за трипл-дабл (11 поени, 14 скока и 8 асистенции).

- Оглас -

Најнови вести