Заменик капитенот на Португалија, Жоао Мутињо искрено си призна дека и тој и грото Португалци ја очекувале Италија за ривал во финалниот бараж на 29. март за пласман на Свесткото првенство.
Македонија им ги расипа плановите на многумина со сензационлната победа од 1:0 во Палермо и ќе и биде гостин на Португалија за три дена во нокаут меч што вреди многу и носи настап на Светско првенство.
„Сите, па и јас мислевме поинаку и ја очекувавме Италија за противник. Но, Македонците покажаа дека имињата и ренометот не победуваат во фудбалот. Ќе имаме многу тежок ривал. Фудбалот носи непредвидливи моменти, а токму така е сега. Ќе мораме да ја респкетираме Македонија и да бидеме максимално концетрирани. Имаат голема самодоверба и ќе бидат опасен противник“, вели Мутињо.
Играчот од средниот ред го очекува 144. настап за Португалија и е втор по бројот на настапи за Португалија, зад Кристјано Роналдо со 185.