Кристијан Ериксен имаше враќање во репрезентативниот дрес на Данска како од сон. Фудбалерот кој минатото лето на Европското првенство доби срцев удар на дуелот против Финска, по само девет месеци се врати во националниот дрес и доби овации од трибините на гостувањето кај Холандија.
Ериксен влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а по нецели две минути поминати на теренот даде гол. Данска со тој погодок намали на 2:3 на гостувањето кај Холандија, но лалињата потоа постигнаа уште еден погодок за 4:2 на 15 минути пред крајот.