Пред 288 дена имаше срцев удар, а сега се врати и одма даде гол: Не можам да објаснам колку многу ми недостасуваше ова чувство

Кристијан Ериксен ја испишува најубавата фудбалска приказна сезонава. Фудбалерот кој пред помалку од 10 месеци доживеа срцев удар на теренот за време на Европското првенство, не само што се врати во фудбалот, туку повторно е во репрезентативниот дрес на Данска и постигнува голови.

На синоќешниот пријателски меч меѓу Холандија и Данска, Ериксен влезе во игра на почетокот на второто полувреме. Тоа беше прв негов настап за Данска, откако лани на носилки беше изнесен по добиениот срцев удар на дуелот против Финска.

Ериксен доби громогласен аплауз од публиката, а тој покажа дека е во форма. Со првиот допир на топката, Данецот даде гол, што само го заокружи враќањето како од сон.

„Го почувствував топлото добредојде кое ми го направија холандските навивачи. Тука играв со години, ме познаваат, но секако дека ова беше многу убав начин на кој ме дочекаа. Среќен сум поради голот, ова беше совршен начин да се вратам во репрезентацијата. Не можам да објаснам колку мнгу ми недостасуваше ова чувство. Сега се радувам на Светското првенство во Катар, но треба да одиграм уште многу мечеви додека дојде Мундијалот“, рече Ериксен по мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести