Роналдо: И за Македонија и за нас ова е средба за живот или смрт

Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија, Фернандо Сантош ја одржаа стандардната прес-конференција во пресрет натпреварот со Македонија.

„Ние сме многу мотивирани и нè е важно дали играме против Македонија или Италија во финалето.

За Македонија, но и за нас ова е средба за живот или смрт. Сите го знаеме значењето на овој дуел и јас сакам да и се заблагодарам на јавноста за поддршката која што ја добиваме изминативе денови“ изјави меѓудругото Роналдо.

„Ќе направиме сè за да се пласираме на ова Светско првенство. Играме против Македонија која што сметам дека добро ја познаваме“ рече селекторот на Португалија, Сантош.

- Оглас -

Најнови вести