Нека биде како против Италија – Македонија ќе „стрела“ најмалку еднаш против Португалија

6051 Португалија – Македонија (Финале, бараж за СП, Европа, 20:45 часот)

Тимот што победува не се менува, па така и добитната комбинација за тоа дека Македонија ќе ѝ даде гол на фаворизираната Португалија нема потреба да се промени.

Нека биде идентично како во Палермо, со гол во завршницата нашата селекција да дојде до историскиот пласман на СП во Катар сега во Порто, против Кристијано Роналдо и дружината.

Едноставно, нема потреба да се најавува овој натпревар и неговата важност, а нам ни останува да им посакаме среќа на Благоја Милевски и неговите избраници.

Предлог тип: Т21+ (2.19)

 

5704 Мароко – ДР Конго (Бараж за СП, Африка, 21:30 часот)

Идентично како и во Европа така и во Африка, вечерва ќе бидат познати патниците на Светското првенство во Катар. Мароко и Демократска Република Конго го играат возвратниот дуел откако првата средба заврши 1:1.

Вахид Халилхоџиќ и ѕвездениот тим предводен од Ашраф Хакими не би требало да имаа проблеми пред своите навивачи да го заверат настапот на најголемото фудбалско збиднување.

Иако на последните пет средби Мароко само еднаш го има победено ДР Конго на домашен терен, време е за таква втора радост.

Предлог тип: 1&0-3 (2.03)

 

5746 Саудиска Арабија – Австралија (Квалификации за СП, Азија, 20:00 часот)

Ова ќе биде голема фешта на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, каде што домаќините ќе го прослават настапот на СП во Катар. Саудиска Арабија е официјален патник од минатото коло, па оваа средба со Австралија нема резултатско значење за нив.

Исто е и кај гостите, но тие се сигурни на третото место каде што ќе го дочекаат третиот од другата, А група.

И покрај големите коефициенти, сметаме дека овие две селекции ќе одиграат за публика во меч со голем број на возбудувања и голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.13)

 

6738 Полска – Шведска (Финале, бараж за СП, Европа, 20:45 часот)

Вториот патник на СП од Европа ќе се дознае исто така по средбата од 20:45 часот. Полска ја пречекува Шведска, а ние сметаме дека домаќините ќе обезбедат билет во Катар.

Роберт Левандовски нема да има милост кон Швеѓаните, коишто, пак, имаат три едноподруго порази на гостински терен.

Домашниот терен, поквалитетниот состав и најдобриот голгетер на светот секако дека ќе бидат голема предност за Полјаците.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

6732 Македонија У21 – Фарски Острови У21 (Квалификации за ЕП, 18:00 часот)

Нашата млада селекција ги загуби сите шанси за настап на континенталниот шампионат наредната година, па оваа средба ќе биде од ревијален карактер.

Но, и покрај сè, остануваме фаворити против Фараните и ова е натпревар кој мораме да го добиеме за тимот на Драган Канатларовски да остане во мирна атмосфера.

Со победа денеска, можеме да дојдеме до деветтиот бод и да се надеваме на кикс на Србите кај Ерменија и на крајот да завршиме третопласирани во групата Х, што секако дека нема да биде мала работа.

Предлог тип: 1&Т12+ (1.79)

 

- Оглас -

Најнови вести