Денеска ќе бидат познати уште седум патници за Мундијалот во Катар

Македонија е само на еден чекор до испишување на историја, пласман на Светското првенство во Катар. По чудата кои ги направија нашите фудбалери со победите над Германија и Италија на гостински терен, сега останува уште предизвикот да се победи и Португалија во Порто.

Освен дуелот на „Драгао“ во Порто, во европските квалификации вечерва ќе играат и Полска – Шведска, а победникот ќе биде дел од Мундијалот.

Освен двата европски меча, ќе се иргаат и пет баражи во африканските квалификации, по што ќе бидат познати сите пет учесници од овој континент. Дербито е меѓу Сенегал  Египет, кои пред неполни два месеца играа и во финалето на Африканскиот куп на нациите.

Пред четири дена, Египет на свој терен победи со 1:0, што значи дека Сенегал сега мора да брка триумф. Освен ова дерби, ќе се играат уште четири баражи, и тоа: Нигерија – Гана (првиот меч заврши 0:0), Алжир – Камерун (Алжир победи 1:0 на првиот меч), Мароко – ДР Конго (1:1 по првиот меч) и Тунис – Мали (Тунис победи со 1:0 на првиот меч).

Вкупно уште седуммина учесници на Мундијалот во Катар ќе бидат познати по денешните мечеви во Европа и Африка.

- Оглас -

Најнови вести