Луда квота за Трајковски пак прв да даде гол, ако верувате дека Македонија на пенали ќе се радува, вреди коефициент 18

Александар Трајковски беше стрелец на голот против Италија со кој го елиминиравме четиркратниот светски првак во баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Македонскиот голгетер погоди во 92-рата минута за триумф од 1:0 во Палермо и светска сензација.

Македонија вечерва ќе гостува кај Португалија, а победникот ќе оди на СП 2022. Пoртугалците се огромни фаворити, но тоа не значи дека Македонија е без шанси. Во Sport Life традиционално има специјален сингл за вакви мечеви.

Разбирливо е дека Кристијано Роналдо е главен фаворит да го постигне првиот гол на мечот на „Драгао“ со коефициент три. Роналдо да погоди во текот на мечот има квота од 1.55. Според квотите, најголема опасност по голот на Македонија ќе доаѓа и од Силва Андре (4.50 квота за прв стрелец), Диого Жота (5.50), Жоао Феликс (6.00 квота за прв стрелец).

Прв стрелец на мечот да биде Трајковски како што беше во Палермо носи коефициент од 20, а иста е квотата и за Елиф Елмас да го даде првиот погодок. Барди прв да погоди е со квота 30, а за Адеми е дури 60.

Може да се обложите и на тоа во кој период ќе биде постигнат првиот гол, како и тоа на кој начин ќе се реши победникот. За Македонија да победи, и тоа на пенали, квотата е дури 18.

Португалија е голем фаворит да го изведе и првиот и последниот корнер на мечот, а шансите домаќинот прв да добие пенал е со коефициент 2.30, додека за Македонија коефициентот е дури 7.

- Оглас -

Најнови вести