Никогаш ниедна македонска селекција немала ваква премија каква што ги чека фудбалерите ако ја победат Португалија

Фудбалската федерација на Македонија подготвува премија од 4,5 милиони евра доколку националниот тим вечерва ја победи Португалија и се пласира на Светското првенство во Катар. Неофицијално, од ФФМ е најавена премија која никогаш досега не била понудена на ниту една репрезентација во кој било спорт.

Освен премијата која ќе се очекува од ФФМ, премиерот Димитар Ковачевски пред тргнување за Порто, најави дека Владата ќе обезбеди премија од 500.000 евра за пласман на СП 2022.

Македонија никогаш досега не била на завршница на планетарен собир, а сега е само на уште еден чекор до историски успех. Со пласман на СП, од ФИФА следува премија за сите учесници од најмалку 12 милиони евра, сума која може да порасне во зависност од резултатите на Мундијалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести