Милан заборави како се дава гол! Веќе 380 минути не погодил во Серија А

Играчите на Милан едноставно како да заборавија да постигнуваат голови. Веќе четврти меч во низа не успеваат да ја затресат мрежата на противниците. Последен кој успеа да се одбрани против „росонерите“ е екипата на Фрозиноне, која попладнево на свој терен одигра без голови во првиот меч од 18-тото коло во Серија А.

Гостите беа под притисок дека треба да победат и конечно да им стават крај на слабите резултати во последно време, но тоа не се случи. Избраниците на тренерот Џенаро Гатузо едноставно се мачеа и против Фрозиноне, па само ја продолжија серијата без погодок во првенството, која сега изнесува 380 минути. Последен пат Милан се израдува на погодокот на Кеси од пенал во победата од 2-1 против Парма.

По тој гол, следуваа дуели против Торино (0-0), Болоња (0-0), Фиорентина (пораз 0-1), а сега и против Фрозиноне (0-0). Ова е прв пат  точно по 34 години да одиграат четири средби во првенството без да дадат гол. Последен пат таква лоша низа имале во декември 1984 година.

На последните седум средби Милан освои само седум бода и затоа го загуби и четвртото место на табелата, а тренерот Џенаро Гатузо е во опасност и може да добие отказ.

- Оглас -

Најнови вести