Македонија доживеа непријатен пораз од Фарски Острови во квалификациски меч на младинците за настап на Европското првенство во 2023 година.
Дека Романија и Грузија, кои се организатори на ЕП идната година, нема да ги видиме, беше јасно по поразот од Србија пред четири дена, но ова е тежок дебакл со пораз од 0:1 против една од најскромните фудбалски селекции во Европа.
Гостите искористија шанса и со голот на Стефан Радосављевиќ од пенал во 52-рата минута ја победија Македонија.
Квалификациите за играчи до 21 година во ваква ситуација веројатно ќе ги завршиме како претпоследни, односно на петтото место во Х групата.
Македонија има само шест бода од 8 меча, а треба да одигра уште два натпревари.
Зад нас со 3 бода е само Ерменија, а пред нас е лидерот Франција со 19, Украина со 13, Србија со 11 и Фарски Острови со 9 бода.