Данска ја победи Србија со 3:0 на пријателски меч на две селекции што ќе играат на Мундијалот во Катар, а вистинска бајка е приказната на Кристијан Ериксен.
Играчот што преживеа срцев удар на теренот на почетокот на ланското Европско првенство, се врати во репрезентацијата и на два меча по камбекот постигна голови.
Најпрво пред четири дена ја затресе мрежата на Холанѓаните во поразот од 4:2, а и денеска беше стрелец против Србија.
Ериксен го постигна третиот гол на мечот во 57-мата минута и можете да го погледнете ОВДЕ.
Претходно на „Паркен“ во Копенхаген прецизни беа Мјеле во 15-тата минута и Линдстром во 53-тата минута.
Данска и Србија ја очекуваат ждрепката на први април за мундијалските групи во Катар.