Коефициентите паднаа, Кулибали е сè поблиску до Манчестер јунајтед

Калиду Кулибали може да направи трансфер од Наполи во Манчестер јунајтед и тоа уште во јануарскиот преоден рок. Сенегалецот игра одлично во дресот на тимот од Неапол, а за него се интересираат повеќе европски гиганти. Сепак, ако се верува на светските обложувалници, дефанзивецот ќе го облече дресот на најтрофејниот англиски клуб.

Моментно коефициентот дека Кулибали ќе направи трансфер во Манчестер е точно 3,00, а во наредниот период се очекува и дополнително да биде намален.

Цената за трансфер на овој играч се движи околу 100 милиони евра, но Манчестер едноставно ќе мора да се засили ако сака во вториот дел од сезоната во Премиер лигата да биде конкурентен и да го брка посакуваното четврто место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести