На Барселона – Реал Мадрид ќе има многу голови, Американците стравуваат за местото на СП

6271 Барселона (Ж) – Реал Мадрид (Ж) (18.45 ч.)

Ова е реванш-меч од четвртфиналето во женската Лига на шампиони, а јасно е дека Барселона ќе игра во следната фаза. Каталонскиот гигант победи со 3:1 во Мадрид, а против девојките на Реал има перфектен биланс од осум победи во осум меча, со неверојатна гол-разлика од 35 дадени и само четири примени голови.

Како и на сите средби досега, може да очекуваме гол-шоу на Барселона, која има 37 победи по ред во сите натпреварувања, и тоа најчесто е со многу разлика.

Предлог тип: 5+ (2.16)

 

6701 ПСЖ (Ж) – Баерн Минхен (Ж) (21 ч.)

Пари Сен Жермен пред една недела победи со 2:1 во Минхен и сега е во пол-позиција за место во полуфиналето на ЛШ кај жените. Во последните пет меѓусебни средби на овие два тима секогаш било интересно и со минимум два гола, а најчесто двата тима погодуваат.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

5712 Костарика – САД (03:05 ч.)

Кулминација на неизвесноста во квалификациите на Средна и Северна Америка ќе има ноќеска. Костарика има загарантирано четврто место кое носи во баражот, но со победа над САД може да оди и директно на Мундијалот.

Американците имаат три бода повеќе од Костарика и во првиот меч дома славеа со 2:1. Традицијата вели дека минимум два гола ќе има на овој меч, а ако се знае дека домаќините ќе тргнат во напад од првата минута, можно е да биде навистина драматично.

Предлог тип: ГГ3+ (3.10)

 

5723 Мексико – Салвадор (03:05 ч.)

Мексико официјално уште не е сигурен патник во Катар, но вечерва дома игра против отпишаниот Салвадор. И само еден освоен бод ќе биде доволен домаќините да се радуваат на место на СП, но сигурно дека тие нема да калкулираат и да држат неизвесност до последната минута.

Мексико има девет победи по ред во дуелите со Салвадор, а вечерва ќе стигнат до јубилејната десетта победа, која ќе ја слават и со пласман на Мундијалот.

Предлог тип: 1-1 (1.50)

 

5724 Панама – Канада (03:05 ч.)

Канада одигра фантастично во квалификациите и за првпат по 36 години ќе игра на планетарниот собир. Панама нема шанса да мрдне од петтото место, па ова е ревијален меч. Панама дома се покажа како опасен ривал и ниеднаш не загуби (три победи и три ремија), а Канада веќе го прослави местото во Катар и сега ќе играат без големи мотиви.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.03)

 

- Оглас -

Најнови вести