Потпишан најскапиот договор во историјата: Градот на „гревовите“ добива ноќна Ф1 трка од следната сезона

Формула 1 го зголемува својот натпреварувачки календар од наредната година, откако потврди дека ќе има трка во Лас Вегас. Градот на гревовите ќе биде домаќин на ноќна трка, што секако дека ќе биде едно навистина спектакуларно доживување.

Договорот е потпишан на десет години, а се проценува дека за реализација на сето ова, Лас Вегас ќе плати над милијарда евра, односно нешто повеќе од 100 милиони евра по трка. Според некои информации, ова е најскапиот договор што некогаш е потпишан во историјата на сите спортови.

Останува само да се види кога точно и за кој месец ќе биде додадена оваа трка во календарот, која ќе биде 23 за наредната сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

- Оглас -

Најнови вести