Единствениот денешен натпревар од Премиер лигата кој заврши со почетните 0-0 беше оној помеѓу Кристал палас и Кардиф, но овој дуел се издвои од другите и по нешто друго. Всушност, мечот ќе биде запишан во книгата на рекорди во Премиер лигата.
На клупата на Кристал палас е Рој Хоџсон, стручњак кој има 71 години и 139 дена, а тренер на велшкиот тим е Нил Ворнок, кој пред 25 дена наполни 70 години. Ова е прв меч во историјата на англиското првенство на кој еден против друг се најдоа двајца „дедовци“ со наполнети 70 години.
Популарниот „Боксинг деј“ им лежи на „црвените ѓаволи“ од Манчестер, особено кога играат на „Олд Трафорд“. Јунајтед на свој терен нема загубено натпревар на 26-ти декември уште од далечната 1978 година. Тогаш беше поразен со 0-3 од Ливерпул, а Ливерпул сезонава е на пат конечно да освои титула во Премиер лигата. Во ноември 2002 беше последниот пат кога Ливерпул колото го заврши како лидер со шест бода предност во однос на вториот.