Баерн ги уништи шансите на Ѕвезда за плејоф во Евролигата

Евролигашкиот Фајнал-фор турнир во Белград дефинитивно ќе биде без српскиот првак Црвена ѕвезда. Белградските Црвено-бели вечерва во Минхен беа разбиени од Баерн со 57-82, и со тоа Баварците си обезбедија разигрување, а Ѕвезда останува надвор од осумте најдобри.

Исфрлањето на руските клубови ги разбудија надежите кај Ѕвезда дека може да влезе во четвртфиналето, но тимот на тренерот Дејан Радоњиќ загуби во последните три кола, а вечерва и теоретски ги загуби шансите.

Во плејофот на Евролигата ќе учествуваат Барселона, Олимпијакос, Реал Мадрид, Армани Милано, Анадолу Ефес, Макаби, Монако и Баерн.

- Оглас -

Најнови вести