Шевченко му се налути на Инфантино поради еден кажан збор за ситуацијата во Украина

Поранешниот украински селектор, и најдобар украински фудбалер во поновата историја, Андриј Шевченко, му се налути на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за изјавата во која тој војната во Украина ја нарече конфликт.

„Би сакал да ги искоментирам зборовите на Инфантино кој рече дека тоа што се случува во напата земја е ’конфликт’. Не се согласувам со него. Во Украина нема конфликт, туку вистинска војна и геноцид на украинскиот народ од страна на Русија“ – рече Шевченко.

 

- Оглас -

Најнови вести