ТФТ Скопје заврши со БИБЛ лигата, последната шанса за сефте победа им е во Бугарија

Актуелниот победник во националниот Куп на Македонија, ТФТ Скопје е елиминиран во втората фаза по групи во БИБЛ лигата, по поразот вечерва од Макаби Хаифа на гостински терен.

Во вториот меч на овие екипи во кус рок од десеттина дена, повторно подобри беа Израелците и славеа победа од 91:85.

На 24. март во Скопје, ТФТ загуби со 73:93, а вечерва со петтиот пораз во Д групата и дефинитивно ги загуби шансите за пласман понатаму.

Макаби ќе игра во четвртфиналето, заедно со Балкан од Благоевград, а првопласираниот Ирони Нахарија од Израел е полуфиналист.

Последна шанса за прва победа во Д групата за ТФТ Скопје ќе биде мечот против Балкaн во Благоевград на 8. април.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести