Штета на каков начин му избегаа повеќе од два милиони денари (Фото)

Со враќање на клупскиот фудбал, понудата за обложување е многу поголема, а со тоа и шансите да се направи некој интересен неверојатен тикет е поголеми. Вчера, во скопски Чаир беше уплатен тикет кој за малку не беше добитен и тоа за преку два милиони денари.

Тикетот е со 21 натпревари, од кои погодени се 18, а трите меча кои не излегоа, за „влакно“ фалеше да бидат погодени. Одиграни се фудбалски мечеви од повеќе лиги од Европа.

НА ДВА МЕЧА АКО ГИ ПОГОДЕА ПЕНАЛИТЕ, ТИПОВИТЕ ЌЕ БЕА ДОБИТНИ

Првиот кикс е „кецот“ на Цирих, кој на домашен терен беше фаворит во дуелот против Грасхоперс, но мечот заврши 1:1. Домаќините има за што да жалат затоа што промашија пенал со кој можеа да победат.

Во Австрија, ЛАСК беше домаќин на Риед, а типот беше дека овој меч ќе заврши 3+. Мечот почна добро, гостите поведоа со 1:0 по само 4 минути, а веќе од 20 минута беше 0:2. До оваа 20 минута можеше да биде и 0:3, но Риед промаши пенал во 16 минута. Од 13 минута, ЛАСК играше со фудбалер помалку, па Риед покрај воството од два гола имаше и фудбалер повеќе и цели 70 минути за да биде постигнат уште еден гол. За жал на обложувачот, дуелот заврши 0:2 и не излезе на крајот 3+.

ШУТНАА 22 ПАТИ, ЕДЕН ЧАС ИМАА ИГРАЧ ПОВЕЌЕ, НО ОСТАНА 0:0

Третиот промашен пар е Лил – Бордо во Франција. Домаќините беа големи фаворити против тимот кој е последен на табелата. Од 35 минута Бордо остана и со играч помалку, па гостите дополнително се затворија и само се бранеа.

Лил на крајот имаше 22 шута кон гостинскиот гол, изведе седум корнери, имаше 65 отсто посед на топката и комплетна доминација, но на крајот не победи и овој пар остана како трет промашен од 21 одиграни.

Инаку тикетот е уплатен со само 100 денари, а можната добивка изнесува дури 2.232.687 денари. Оваа неверојатна добивка е и по заслуга на ФИБОНАЧИ бонусот во Sport Life. Само бонусот на овој тикет изнесува 1.562.211 денари, односно имало зголемување за 233 отсто на добивката.

- Оглас -

Најнови вести