Милан го има најпосакуваниот ривал, во Лондон редовно има 4+ меѓу овие две екипи

1010 Кристал Палас – Арсенал (21 ч.)

Дуелите на овие два лондонски ривали се најава за многу голови. Традицијата на меѓусебните дуели вели дека дури седум пати во последните девет меча имало барем по четири погодоци на нивните средби.

Кристал Палас е во одлична форма и има четири победи и две реми во последните шест натпревари, но и Арсенал е одличен и во првенството победи на шест од последните седум кола.

Предлог тип: 4+ (3.90)

 

3010 Милан – Болоња (20:45 ч.)

Трката за титулата во Италија оддамна не била толку интересна. Росонерите едноставно мора да победат против ривал како што е Болоња за да покажат дека се со шампионски амбиции.

Сепак, Милан сезонава дома не е многу сигурен и има само девет победи во 15 меча. Болоња е слаб гостин, а традицијата е целосно на страната на црвено-црните. Милан има 11 победи и едно реми во последните 12 средби со овој ривал.

Предлог тип: 1-1 (2.12)

 

1310 Реал Сосиедад – Еспањол (21 ч.)

Домаќините имаат неколку повредени играчи и тоа секако ќе биде проблем за нив. Сепак, Сосиедад е фаворит за трите бода, посебно ако се знае дека Еспањол сезонава само еднаш победи на гостински терен.

Еспањол ја има една од најслабите одбрани во лигата, а меѓусебните дуели велат дека редовно играат со барем по два погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.15)

 

1720 Нанси – Ажаксио (20:45 ч.)

Гостите се фаворити посебно ако се знае дека Нанси е на дното на табелата во втората француска лига и речиси сигурно ќе испадне.

Ажаксио е со реални надежи дека може да стигне до елитното француско натпреварување, а тоа е тимот со уведливо најмала гол разлика (само 26 дадени и неверојатно но само 15 примени гола во 30 меча).

Предлог тип: Х2&0-2 (1.86)

 

1544 Порто – Санта Клара (21:15 ч.)

Јасно е дека домаќинот е голем фаворит. Порто мора да освојува по три бода за да биде сигурен на врвот, а Санта Клата е ривал кој е експерт за нерешени (има 10 реми во 27 кола).

Порто победил на 13 од последните 14 дуели со овој противник, па и сега треба гигантот да слави и тоа би било во меч со барем три погодоци.

Предлог тип: 1&3+ (1.80)

- Оглас -

Најнови вести