Спортскиот директот на Шахтар Доњецк, Даријо Срна најави дека познатиот клуб од Украина добил специјална дозвола од УЕФА да биде домаќин на неколку пријателски натпревари во Турција.
Шахтар на неутрален терен ќе игра со Бешикташ на 13. април, шест дена подоцна и со Фенербахче, а специјално како поддршка за нив ќе дојдат и клубови што не се од Турција.
„Ќе играме и со Севилја, Хајдук, ПСЖ и Лацио. Од УЕФА ни дозволија да организираме пријталески натпревари во Турција, а од украинските власти им одобрија на нашите фудбалери да ја напуштат земјата“, изјави Срна.
Целиот приход од атрактивните натпревари на Шахтар со познати европски клубови ќе биде наменета за помош на Украина, најавија од клубот.