Почина едно од најголемите имиња во историјата на хрватската кошарка

Прославениот некогашен хрватски кошаркар и тренер Петар Сканси почина денеска, на 78-годишна возраст.

Сканси беше член на легендарната генерација на Југославија која во 1970 година ја освои титулата светски првак, а беше и селектор на Хрватска на Олимписките игри во Барселона 1992, кога Хрватите беа финалисти и загубија од американскиот дрим-тим.

Во 1991 година, ФИБА го избра како еден од 50-те најдобри европски кошаркари во историјата.

Во последните години, Сканси работеше како помошник-министер за наука, образование и спорт.

- Оглас -

Најнови вести