Јокиќ и Денвер ќе немаат милост против Сан Антонио

8388 Денвер нагетс – Сан Антонио спарс (03:00 часот)

Денвер е петтопласиран на Западот и потребна му е победа на домашен терен за да не си ги закомплицира работите и да падне уште некое место подолу со коешто ќе игра во плејин-турнирот.

Сан Антонио е во добра форма и се чини дека не може да мрдне ниту погоре ниту подолу од десеттото место, коешто е последно за во плејин-турнирот. Грег Попович е свесен дека неговиот тим нема да има сили за сензација на гости против Никола Јокиќ, па може да одмори некој од главните играчи за оваа средба.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -8.5 (1.97)

 

8389 Јута џез – Мемфис гризлис (03:00 часот)

Ова е една од најинтересните средби од вечерашната програма и меч каде што се очекуваат голем број поени.

Јута не игра добро во последно време и има четири порази на последните пет средби, додека Мемфис е сензацијата во регуларниот дел од сезоната и веќе го има осигурено плејофот, само прашање е од која позиција ќе тргнат.

Домаќинот мора да победи бидеќи е шестопласиран на Западот и со пораз може да падне и на седмата позиција, каде што е Минесота, а со тоа место ќе игра во плејин-турнирот.

Од друга страна, гостите доаѓаат целосно растоварени и подготвени да одиграат нова одлична партија.

Предлог тип: >223.5 (1.97)

 

8379 Чикаго булс – Милвоки бакс (02:00 часот)

Милвоки е веќе патник во плејофот, но актуелниот првак нема да се задоволи ако таму влезе како третопласиран.

Од друга страна, и на Чикаго му „гори под нозе“ бидејќи е шестопласиран на Истокот. И двете екипи ќе ги имаат речиси најдобрите состави на располагање, па за очекување е на паркетот да истрчаат Зак Левињ и Јанис Адетокумбо.

Последниот натпревар меѓу овие две екипи заврши точно со 230 поени, а се надеваме дека и на оваа средба ќе биде така.

Предлог тип: >231.5 (1.91)

 

8377 Мајами хит – Шарлот хорнетс (01:30 часот)

Лидерот на Истокот на оваа средба ќе биде без најдобриот свој кошаркар, Џими Батлер, кој има повреда на прст на десната нога.

Но, домашниот терен, како и големиот број одлични кошаркари ќе бидат доволна причина за Мајами да слави против Шарлот.

Впрочем така е на последните пет меѓусебни натпревари, каде што секогаш „жешките“ на крајот излегувале како победници, а вечерашната квота од 1.53 изгледа навистина одлична.

Предлог тип: 1 (1.53)

 

8376 Бруклин нетс – Хјустон рокетс (01:30 часот)

Сè освен огромна и лесна победа на Бруклин овде ќе се смета за огромно изненадување.

На домаќинот, кој е и еден од фаворитите за титулата во НБА-лигата, потребен му е триумф за да остане на место коешто носи во плејин-турнирот бидејќи во моментов овој тим се наоѓа на деветтото место на Истокот.

Од друга страна, Хјустон заедно со Орландо се најслабите тимови оваа сезона во НБА и едноставно со овој ростер нема што да бара на гостувањето кај Бруклин, кој ќе ги има Кевин Дурант и Кајри Ирвинг за оваа средба.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -17.5 (1.87)

- Оглас -

Најнови вести