„Формулата 5+8“ може да ви донесе „ајфон 12“ во новото коло на Спортска прогноза

Јубилејното 30-то коло од четвртата сезона на Спортска прогноза веќе е во тек, може да типувате до сабота на 13-те парови од основната понуда и двете резервни двојки, а во центарот на вниманието се две неделни супер дербија: Манчестер сити – Ливерпул и Фенербахче – Галатасарај.

На „Етихад“ ќе се води битка за првото место и титулата во англиската Премиер лига, а иако се далеку од врвот во Турција сезонава, секогаш кога играат меѓу себе Фенер и Галата, во Истанбул „гори“.

Освен овие два меча во Манчестер и Истанбул, во понудата има уште 11 дуели кои треба да се погодат за да се освои Среќна 13-ка, што е услов за освојување на главната премија мобилен телефон „ајфон 12“. Подароци има и за оние со 12 и 11 погодени фиксови, а тоа се вредносни ваучери од 1.000, односно 500 денари од Sport Life.

Од саботните пет меча, треба да се погодат исходите на мечевите Келн – Мајнц, Ватфорд – Лидс, берлинското дерби Херта – Унион Берлин, Вилјареал – Атлетик Билбао и Астон вила – Тотенхем.

Недела носи осум меча, и тоа Сасуоло – Аталанта, Брентфорд – Вест хем, Лестер – Кристал Палас, Норич – Барнли, Еспањол – Селта, Манчестер сити – Ливерпул, Стразбур – Лион и Фенербахче – Галатасарај.

Типувањето може да почне, а в недела вечер ќе се знае дали имало мајстори со 13, 12 или 11 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести