Светла е иднината на Вардар – Најтрофејниот клуб има фудбалери-бисери (ВИДЕО)

Иако Вардар за првпат во својата историја настапува во Втората македонска фудбалска лига, иднината на најтрофејниот клуб од нашата држава е светла.

На средбата против Кадино, каде што Црвено-црните славеа со убедливи 4:0, шанса да дебитираат во првиот тим добија тројца бисери од фудбалската академија.

Ѓорѓи Дошев и Никола Величковски се родени во 2005 година, а двајцата учествуваа во последниот гол на саботната средба, со тоа што Дошев се избори за топката, а потоа му асистираше на напаѓачот.

Покрај нив, на теренот за првпат доби шанса и Нијаз Јусуфи, кој е роден во 2003 година, а и тој беше дел од акцијата за последниот гол.

Иако Вардар ги доживува можеби и најцрните моменти во својата историја, јасно е дека со вакви млади фудбалери иднината е во сигурни раце.

 

- Оглас -

Најнови вести