Светското првенство во Катар дефинитивно ќе биде поинакво од сите досегашни. Овој Мундијал ќе биде прв кој ќе се игра во зима, односно во ноември и декември, а и прв на кој ќе се користи ВАР-технологијата.
По пишувањата на „Кориере дело спорт“, мечевите на Мундијалот во Катар може да траат многу повеќе од вообичаените 90 минути. Се работи за „мртвото време“ кое се троши во текот на еден дуел.
Според пресметките, на еден натпревар во просек активно се игра 54 и пол минути и затоа е потребно некое решение да има помалку прекини. Италијанскиот весник пишува дека ФИФА размислува да воведе правило според кое на секој меч ќе има продолжување од најмалку 10 минути и на тој начин да се надомести „украденото време“.
За првпат на овој Мундијал ќе има и по пет измени, што, секако, ќе донесе дополнително губење на времето. Пред пет дена беше и ждрепката за групите, а кој со кого е ривал може да видите ТУКА.