Гостите се фаворити на четири од шесте дуели во НБА

Полека стануваат јасни работите во НБА-лигата и веќе се дефинирани речиси сите учесници во плејофот. Вечерва ќе се играат шест меча, а Далас и Бруклин се големи фаворити на гостувањата кај Детроит и Њујорк.

Детроит има дури 56 порази, но интересно е дека тимот, кој е без никакви шанси, е во серија од три победи. Сепак, Далас, кој го брка третото место на Западот, е фаворит за победа, посебно ако се знае дека Маверикс ги доби последните четири средби со овој ривал.

Бруклин ќе разигрува за влез во плејофот, а вечерва гостува кај Њујорк, кој не е ниту во Топ 10 на Истокот и треба да победи. Фаворити на гости се и Бостон против Чикаго, како и Феникс против ЛА клиперс. Сонцата ја играат најдобрата сезона во клупската историја и убедливо се најдобар тим во регуларниот дел дури со 63 победи од 79 меча.

Лесни домашни победи треба да слават Јута против Оклахома и Атланта против Вашингтон.

- Оглас -

Најнови вести