Прогнозерите веќе имаат свој фаворит во дербито за титулата во Премиер лигата

Натпреварите од новото, 30-то коло од Спортска прогноза се тука и веќе на големо се прогнозира, а битката за прекрасниот „ајфон 12“ е навистина голема. Играчите се надеваат дека ќе ги погодат 13-те натпревари, а и типуваат на резервите бидејќи никогаш ништо не се знае.

Најмногу внимание и, секако, најинтересен е натпреварот меѓу Манчестер сити и Ливерпул, кој ќе одлучува за титулата во Премиер лигата и се игра во недела, од 17:30 часот, а интересно е што прогнозерите имаат свој фаворит.

Во триумф на домаќинот веруваат 42,13 отсто, додека пак во момците од Ливерпул веруваат 21.68 отсто, 36.20% сметаат дека овој натпревар нема да има победник, што исто така навистина е голема бројка.

Првата средба од новата рунда се игра во сабота, во стандардниот бундеслигашки термин од 15:30 часот, а ќе се сретнат екипите на Келн и Мајнц. Огромна е довербата во домаќините и дури 75,26% од играчите очекуваат трите бода да останат на домашен терен.

Како што е добро познато, со еден промашен пар за подарок се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000, а со две утки ваучер во вредност од 500 денари.

Сè уште не е доцна да учествувате во оваа бесплатна игра, а единствено што треба да направите е да поседувате SL картичка, која доколку ја немате, можете исто така бесплатно да аплицирате во некој од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести