Каква легенда е летечкиот Холанѓанец – Само за само една сезона стана најдобар клупски стрелец во Лигата на шампионите (Видео)

Арно Данџума е вистински џек-пот за Вилјареал и веќе во првата сезона како играч на Жолтата подморница стана најдобриот клупски стрелец во Лигата на шампионите.

Вечерва со погодок во осмата минута му обезбеди вредна победа на Вилјареал против Баерн во првото четфртфинале од двомечот и со вкупно шест гола е на врвот на вечната листа со најдобри стрелци на шпанскиот тим во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/ClockworkOranje/status/1511784281814798345?s=20&t=1hWx31JmZE_rMYAsthSGXw

Данџума стана играч на Вилјареал лани во август, за сума од 25 милиони евра што му беше платена на англиски Борнмут.

Сезонава ѝ даде голови на Аталанта, и тоа три, а по еднаш ја тресеше мрежата на Јанг Бојс, Јувентус и Баерн.

https://twitter.com/OptaJose/status/1511793899647479809?s=20&t=1hWx31JmZE_rMYAsthSGXw

 

- Оглас -

Најнови вести